Идентификувањето како трансродово лице веќе нема да биде презентирано како психолошко растројство, по измените на прирачникот по психијатрија
ЛГБТ Данска смета дека и покрај измените, транс луѓето с? уште се стигматизирани.
Студентите по медицина во Данска повеќе нема да учат дека луѓето кои се идентификуваат како трансродови имаат психолошко растројство, известува веб-сајтот etik.dk.
Торкил Соренсен, психијатарот одговорен за текстот за транссексуалноста во прирачникот по психијатрија кој го користат студентите на медицина, ‘Psykiatri.En lærebog om voksnes psykiske sygdom‘, одлучи да не ја класификува транссексуалноста како растројство во најновото издание.
„Ако не се искусува како растројство, тогаш не треба да биде дефинирана како растројство“, изјави Соренсен за etik.dk.
Сегашниот прирачник ги класифицира трансродовите луѓе како луѓе кои страдаат од Растројство на половиот идентитет, но Соренсен смета дека ова е погрешно.
„Јас би рекол дека несигурноста околу идентитетот важи за дел од транссексуалните лица, но не за сите кои се идентификуваат како трансродови лица“, изјави тој.
Измените во данскиот учебник следат нова дефиниција, која беше внесена во петтото издание на Прирачникот за дијагнози и статистики на ментални растројства (DSM-5) на Американската Психијатриска Асоцијација.
Во DSM-5, Растројството на половиот идентитет беше заменето со полова дисфорија.Ова ги опишува луѓето кои се несреќни со полот во кој се родени или со родовите улоги кои им се наметнати.
„Со дефиницијата во DSM-5, фокусот е на менталната состојба на личноста“, вели Соренсен.„Ако сте дисфорични, значи дека сте несреќни.Но не сите трансродови луѓе се несреќни.“
Џек Дрешер, член на АПА подкомитетот, кој работеше на ревизијата, тврди дека ваквата измена е потребна за да внесе поголем културен контекст на луѓето кои се идентификуваат како трансродови.
„Знаеме дека има цела заедница на луѓе кои не бараат медицинска помош и живеат помеѓу двете бинарни категории“ Изјави Дрешер за геј сајтот advocate.com. „Сакавме да испратиме порака дека задачата на терапевтот не е да патологизира.“
Психологот Карина Линс вели дека дефиницијата е сензибилна.
„Има многу луѓе кои расчистиле со својот идентитет и кои немаат проблем со тоа што не функционираат физички во родот кој се очекува од нив“, изјави таа за etik.dk. „Луѓето кои немаат проблем со или поради својата состојба, не треба да бидат дијагностицирани како да имаат растројство.“
Промените во DSM-5 предизвикаа жестока дебата минатата година, во која многу ЛГБТ активисти тврдеа дека новате дефиниција с? уште непотребно ги стигматизира транс луѓето.
„ЛГБТ Данска преферира идентификацијата како трансродово лице да биде отстранета од листата на симптоми и транс луѓето да бидат третирани исто како другите луѓе кои имаат потреба од здравствени услуги“ изјави портпаролот Вибе Гревесен за etik.dk.
Во јуни, владата го одби предлогот од левичарската партија Енхедслистен за отстранување на транссексуалноста од официјалната листа на психијатриски растројства.Ниту една партија не го поддржа предлогот, а социјал-демократите во Данска тврдеа дека Светската Здравствена Организација веќе работи на тоа да склопи нова дефиниција и пристап кон транс луѓето.
„Во овој случај погрешно е да се оди напред доколку интернационалните експерти веќе се отидени напред со помош на други системи“, изјави социјал-демократот Флеминг Мелер Мортенсен за весникот Information.„Треба да има некои кои ќе започнат иницијатива, но во овој случај веќе изгледа дека има некој кој ја започнал иницијативата.“
За оригиналната вест кликнете тука.