Претседателот на Гамбија, Yahya Jammeh не треба да го потпише амандманот на Кривичниот законик со што ќе се зголеми казната за ,,сериозната хомосексуалност’’ и истата ќе опфаќа доживотен затвор. Оваа мерка ќе го зголеми стравот на лезбејките, геј, бисексуалците, трансродовите лица и интерсекс лицата (ЛГБТИ) во Гамбија.
Некои од овие одредби го нарушуваат меѓународното право, при тоа унапредувајќи го законското проследување по основ на сексуална ориентација и родов идентитет. Законските секции се слични на хомофобичните и грубите законски решенија во Уганда, кои беа повлечени во август, 2014 година.
,,Претседателот Jammeh не би требало да го дозволи продлабочувањето на штетниот акт кој го нарушува меѓународното право за правата на човекот’’ изјавува Stephen Cockburn, извршниот директор на канцеларијата на Amnesty International во Централна Африка, кој додава дека претседателот не треба да ја оправдува државно-спонзорираната хомофобија.
Законот помина во Националното собрание и со тоа беше усвоен амандманот на Кривичниот законик на 25-ти август, 2014 година. Претседателот има 30 дена од тој датум, до потпишувњето на законот или до враќањето во дополнителна собраниска процедура.
Согласниот секс помеѓу двајца возрасни од ист пол веќе е кривично дело во Гамбија, и покрај тоа што претставува нарушување на меѓународното право. Сепак, предложениот амандман предвидува уште построги казни за оние за кои постои сомнеж дека се лезбејки, бисексуалци или хомосексуалци.
Казната за ,,сериозна хомосексуалност’’ подразбира доживотен затвор. Одредбите со кои се предвидува оваа казна не се добро јазично поставени, и оттука истите се подложни на злоупотреба од некои авторитети. Помеѓу оние кои можат да бидат казнети за ,,сериозна хомосексуалност’’ со доживотен затвор, исто така и ,,оние кои повторуваат такви навреди’’ и луѓето кои се ХИВ позитивни се сомнителни како хомосексуалци или лезбејки.
,,Овој амандман само ќе придонесе кон понатамошна стигма за луѓето кои се веќе маргинализирани, и живеат во средина на длабок страв и омраза во Гамбија‘‘ изјавува Graeme Reid, директорот кој работи со правата на ЛГБТ луѓето во Human Rights Watch.
Претседателот Jammeh досега имал многу јавни изјави со кои ги напаѓал правата на ЛГБТ луѓето, вклучувајќи го и говорот на Генералното собрание при ООН во 2013 година кога изјави: Тие што ја промовираат хомосексуалноста сакаат да стават крај на човечкото постоење, тоа почна да станува епидемија и ние Муслиманите и Африканците ќе се бориме против ова однесување.
Извор: http://www.amnesty.org