Генералното собрание на Обединетите нации се очекува да го избере надворешниот министер на Уганда за следен претседател, и покрај изразената меѓународна негативна реакција за овој избор, и апел до Организацијата на Обединетите нации да го отфрли назначувањето на новиот претседател.
Предложениот Сам Кутеса е еден од најгласните заговарачи на анти-хомосексуалниот акт во Уганда, кој смета дека хомосексуалноста е ,,западна конспирација‘‘, така што драконската казна со која се предвидува доживотен затвор за истополовите партнери е разумна затоа што ,,мнозинството Африканци имаат аверзија кон оваа практика.‘‘
Господинот Кутеса е лош избор за оваа позиција, имајќи ги предвид неговите конекции со закони и практики кои ги нарушуваат човековите права, особено преку последниот ригиден закон со кој се регулира хомосексуалната ориентација – смета Шоун Гејлорд, советник во “Human Rights First”, седиштето во Вашингтон. ,,Разочарани сме од фактот дека тој може да биде избран, кога постојат толку многу други Африканци кои ја застапуваат еднаквоста и правичноста и кои може да бидат исто така избрани.‘‘ дополнува Гејлорд.
Досега немаше изјави од Соединетите Американски Држави кои се спротивставуваат на предлогот Кунтеса да биде следниот претседател на Генералното собрание на ООН, туку Стејт Департментот им го препушти правото на африканската група да изберат личност што ќе биде предложена. Стејт Департментот потсетува на тоа дека изборот на Кунтеса за претседател на Генералното собрание е пропратен од системот на регионална ротација. Односно, тој што ќе биде именуван за значајната церемонијална позиција е избран од членовите на регионалната група, така што Соединетите Американски Држави немаат директна улога во таа фаза од изборот. Во мај, минатата година, извршниот совет на африканската унија го предложи Кунтеса за кандидат.
Претседателот на Генералното собрание има мандат од една година, претседавајќи со сите седници на Генералното собрание на ООН и одржувајќи ги контактите со сите светски лидери – како што наведуваат на британската ЛГБТ веб страна “PinkNews”. Изборот нема да вклучува формално гласање, затоа што назначувањето во голема мера се цени за веќе предоредено, и ќе се одржи во централната институција на ООН во Њу Јорк.
Некои активисти сметат дека безбедносните интереси на Соединетите Американски Држави во централна и источна Африка придонесува кон тоа американските политичари да ги поддржуваат двата начини – од една страна потенцирајќи ја значајноста на ЛГБТ правата со застапувачка реторика и однос кон Западот, а од друга ефективно одржувајќи го статус квото во односите со Уганда. Стејт Департментот, исто така, посочи дека допрва ќе следуваат повеќе активности.
,,Во продолжение на нашиот напор да ја убедиме Владата во Уганда да го повлече овој одвратен закон и да се посвети на заштита на универзалните човекови права на своите граѓани, Соединетите Американски Држави ќе ја одржуваат глобалната соработка за промоција и заштита на човековите права на сите граѓани, вклучувајќи ги и ЛГБТ лицата‘‘ официјално изјавува претставник на Стејт Депарментот за “The Advocate”.
Извор: http://www.advocate