Milán Rózsa е роден една година пред падот на Берлинскиот ѕид, во 1988-та година. Го немал искуството на борба за права и слободи, кои постарите генерации во Унгарија ја воделе во текот на последните години пред рушењето на режимот. Но тоа не го спречи да биде еден од најистакнатите и најискренитe (најенергични) млади активисти. За време на протестот против оданочувањето на интернетот во Унгарија, бил еден од демонстрантите кои се собрале пред седиштетот на владеачката партија Fidesz. Заради бидувањето дел од демонстрантите, тој е приведен, но не и оптужен. Пред да се случат протестите против оданочувањето на интернетот, Rózsa протестирал против хомофобијата во Русија, искажувајќи ја својата поддршка за руската ЛГБТ заедница. На насловните страни доспеа откако во знак на протест се качил на балкон на претседателската палата, со цел – барање за референдум на тема руското финансирање на нуклеарната електрана Пакс.
На општо жалење, во петокот Milán повторно беше опфатен во медиумскиот простор, но заради тотално друга причина: на 26-годишна возраст, фрлајќи се пред воз – се самоубил.
Stuart Milk, ЛГБТ активист и роднина на познатиот политичар и ЛГБТ активист Harvey Milk, се збогуваше од Milán преку статија објавена во The Huffington Post и порака објавена на фејсбук профилот:
,,Milán Rózsa е херојот што сите го изгубивме денес. Премногу е тешко да се пишува на ова тема. Едно од признавањата кое може да се добие благодарејќи на застапувањето, се пријателствата со исклучителни луѓе кои вршат голема работа во најтешки услови и во најлоши средини. Најтешко е кога се губат неверојатните пријатели. Сите кои го слушнавте мојот говор на тема глобални права, минатата година, знаете дека Milán, всушност, ми дозволи да ја споделам неговата инспиративна приказна.‘‘
Stuart Milk зборува за бројни поврзаности помеѓу Milán и неговиот вујко Harvey Milk, воочувајќи ги за време на престојот на унгарски активсти во Вашингтон. Milán беше еден од лидерите кои овозможија одржување на Поворката на гордоста во Будимпешта, во 2011 година, кога и се случи нападот од страна на група млади фашисти и неонацисти. ,,Непријателството помеѓу државите, омразата и насилството насочено кон ЛГБТ заедницата и другите малцински групи во Унгарија се значајно полоши за разлика од она што се случува на другата страна на Атлантикот, и тоа може само да го замислуваме‘‘ пишува Stuart Milk.
Rózsa ја демонстрираше својата маркантна храброст соочувајќи се со екстремните десничари. Но неговиот татко, таквиот ангажман го доживеа поинаку, односно се самоуби веднаш откако се одржа Поворката на гордоста во 2011 година.
Stuart Milk им вети на унгарските активисти морална поддршка од страна на американските лидери кои работат во областа на човековите права, имајќи го предвид стравот и беспомошноста, присутни во земјите од Источна Европа.
,, … Иако не дели океан, живееме во глобално општество кое нема да биде мирно додека се присутни омразата и репресијата. Како што рече мојот вујко Harvey: Никогаш нема да биде тивко. Milán е потсетник на таа мантра. Не‘ потсетува дека цената на рамноправноста е претпазливоста.‘‘ заклучува Milk.
Трагичната смрт на Milán Rózse, ги потресе активистите кои имале прилика да го запознаат. Останува прашањето – што го натерало на таков радикален чекор и самоубиство? Неговите блиски пријатели посочуваат дека подолго време се борел со депресија, изминатиов период.
Беше одлучен во својата намера да ја продолжи борбата за рамноправност и демократски права. Неколку седмици пред тоа, ниту неговите најблиски сојузници не можеле да го препознаат тешкото раздобје низ кое поминувал Milán. Ова е една индиција дека луѓето, особено мажите, често се борат со менталните потешкотии во тишина. И на тој чекор може да се одлучиме кога општествените стигми ни претставуваат тешки окови.
Како прилог на илјадниците посвети преку социјалните мрежи, запалени се свеќи и оставени се фотографии пред зградата во која живеел Milán. Унгарската демократска опозиција изгуби еден од најкредибилните, најхрабрите и најдинамичните гласови.
Извор: http://lgbt.ba