Едно лице од Јужна Каролина ќе покрене тужбена постапка против неговата претходна лекарка и местото каде што работи, со став дека лекарката лажела за отстранувањето на дијагнозата според која хомосексуалноста е хронична болест.
Пред една година, Метју Мур, кој е геј, бил шокиран кога неговата лекарка го посочила хомосексуалното поведение – со други неважечки медицински референци кои не се користат од периодот кога хомосексуалноста беше декласификувана како ментално растројство (1973) – како дел од хроничната состојба на Мур. Откако ја видел дијагнозата поставено по рутинскиот психолошки тест во мај, 2013 година, Мур вели дека ја прашал Елеин Џонс за нејзиното поставување на дијагноза, но дека таа останала цврсто на ставот дека медицинскиот професионален став варира во однос на тоа дали хомосексуалноста е болест – според неговата изјава за телевизиски канал во Лос Анџелес KNBC.
Минатиот август, Мур се жалел на организацијата за здравствена негаThe Torrance Health Association, која ги покрива ординациите на лекарката што ја посетил, и добил брзо извинување од страна на организацијата, со убедување дека истата не користи неважечки дијагнози и дека ќе бидат преземени чекори за да се осигура дека истата грешка нема повторно да се случи. Тоа писмо, со датум 29 јули 2013 година, исто така содржало и дека медицинското досие на Мур ќе биде корегирано, вели тој за КNBC.
Но сега, после повеќе од година откако Мур ја информирал организацијата за медицинска нега за грешката, тој вели дека во медицинското досие кое неодамна го побарал, се‘ уште стои наведена неговата хомосексуална ориентација како хроничен проблем.
,,Никогаш не сум кажал дека имам проблем со сексуалноста‘‘, вели 46-годишниот Мур за KNBC. ,,Затоа претпоставувам дека таа има мислење дека тоа е погрешно.‘‘
Фрустриран од неспособноста на организацијата да ја исправи оваа грешка, Мур сега покрена тужбена постапка пред врховниот суд во Лос Анџелес против Елеин Џонс, Torrance Health Association и Torrance Memorial Physician Network. Тужбата содржи намерно нанесување на емоционална вознемиреност, и барање за компензаторска оштета, според KNBC. Но Мур вели дека неговата одлука да покрене тужбена постапка била мотивирана од помислата да им помогне и да заштити млади луѓе од анти-геј дискриминација во здравството.
,,Доколку на младо лице му е речено, од страна на неговиот лекар, дека неговата нормална и здрава сексуалноста е медицински проблем, состојба или болест, тоа може да биде многу девастирачки‘‘ вели Мур за KNBC.
The Torrance Health Association возвратија со ставот дека се‘ ова е техничка грешка, како резултат на комплицираното зачувување на податоците во системот и тешко одржување на истите, а не дека е пример за анти-геј омраза.
,,Имајќи го предвид комплицираниот софтвер кој се користи за креирање на електронски медицински досиеа, неточниот код и понатаму продолжил да постои само во електронската табела‘‘ велат од таму. ,,Како резултат на тоа, оваа неточна дијагноза била доставена до пациентот во копирана форма‘‘ дополнуваат The Torrance Health Association во изјавата за KNBC. Оваа изјава го повторува ставот на организацијата од пред една година, артикулиран во извинувањето од 2013-та, каде што недвосмислено ,,не се согледува хомосексуалноста како болест или хронична состојба.‘‘
Но искуствата со кампањи за човекови права, според искуството на Мур, се премногу познати, откако ЛГБТ луѓето често се изложени на дискриминација и некомпетентност во областа на медицината.
,,За жал, овој тип на игнорирање е се‘ уште многу присутен помеѓу здравствените работници‘‘ вели Шејн Сноудон, лидер на HRC Foundation’s health and aging campaign за KNBC. ,,Овој инцидент ја потенцира важноста на нашите обиди да се едуцираат здравствените работници за почитувачки третман на ЛГБТ во Америка. Кога консултираме лекар, имаме право да очекуваме нега која не е попречена од личните предрасуди.‘‘
Извор: http://www.advocate.com