Кон крајот на август, 1867 година, во Минхен се случило, веројатно, првото јавно соопштување на хомосексуалната ориентација или „излегување од плакарот // аутирање“ во историјата. Германската фела на правници, неколку стотина угледни професори, судии и адвокати, се собрале на голем собир на кој се разговараше за консолидирањето на различните правни системи и закондавства, во тогашните 39 држави на разединета Германија, а меѓу нив бил и Karl Heinrich Ulrichs (1825-1895), брилијантен правник од Хановер.
Ulrichs, првенсветно, се појавил на тој неколкудневен собир, со цел да укаже дека во германското законодавство треба да се укине криминализацијата на сексуалната врска помеѓу двајца мажи, така што пред околу 500 правници во минхенската сала “Odeon“ одржал говор, кој во тоа време бил многу изненадувачки, всушност не можело да се замисли дека едно од излагањата на тој собир ќе биде посветено на тоа прашање. Подоцна, во друга прилика Ulrichs раскажува за возбудата што ја имал при одржувањето на тој говор, каде што најмногу се задржал на казненото законодавство и потребата од отстранување на одредбата со која се криминализира хомосексуалноста (односно сексуалната привлечност помеѓу две лица од ист пол, бидејќи тогаш се’ уште не се користел терминот хомосексуалност), по што сепак големиот број правници реагирале негативно и го повикувале да престане со говорот.
Аутирањето на Ulrichs, во историјата, е забележано како активистички чин par excellence
Но и покрај тоа Ulrichs продолжил со својот говор, декларирајќи се како маж кој го привлекуваат други мажи. На тој дел од говорот, дел од присутните правници, започнале со закани, клевети, различни врескања и доследни повици за распнување на крст на говорникот Ulrichs(?). Но друг дел од присутните правници сакале да го дослушаат, тогаш, контроверзниот говорник, бидејќи до тој момент не биле соочени со темата на таков начин, по што следувала голема расправија помеѓу двата табори, и конечно, за жал,Ulrichs не успеал да го заврши својот говор.
Но без оглед на тоа, сепак неговата одметаност останала како голем и величествен момент на лична и граѓанска храброст, и Ulrichs праведно станува дел од историјата со неговиот говор на собирот во Минхен. Целиот овој настан е детално опишан во фантастичната историографска книга на Robert Beachy со наслов “Gay Berlin: The Birthplace of Modern Identity”. Имајќи предвид дека и денес постои голема пречка во јавното соопштување на својата сексуална ориентација, и покрај тоа што милиони луѓе го имаат тоа веќе направено, за голема почит е потегот на Ulrichs. Тој немал претходен пример и запознаено туѓо искуство, на кое што можел да смета како на поддршка, туку го имал само сопствениот интелект, и одлуката за тоа дека не е погрешно или неприродно тоа што го привлекуваат мажи, но и храброста да се изложи во борбата против дискриминирањето на истополовата љубов.
Сепак, последиците по угледниот адвокат биле евидентни. После неговиот говор започнале лоши гласини во неговото опкружување, ја изгубил работата, но неговото аутирање во Минхен 1867 година останува да важи како историски, активистички чин par excellence, нешто што ќе стане толку многу вообичаено, години подоцна. Оттука, тешко е да се чита книгата на Beachy, а да се нема чувството дека Ulrichs им припаѓа на низата геј херои кои се дел од борбата за ЛГБТ еднаквост.
Книгата на Robert Beachy, сепак е многу повеќе од збир на интересни приказни од геј историјата, и таа е фундаментално дело и обврзувачко четиво, бидејќи овој австралиски историчар убедливо ја презентира тезата дека она што денес може да се цени како геј идентитет, всушност, е развиено во Германија, првенствено во Берлин, кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Таквата теза се базира на комбинацијата од делувањето на неколку исклучителни луѓе, поширокиот општествен контект за време на германското обединување, протестантстката етика и одлуките на шефовите на берлинската полиција дека нема строго да го спровеудваат озлогласениот параграф 175 со кој се криминализира сексуалниот однос помеѓу двајца мажи, туку ќе се контролира таквото спроведување со извесна толеранција кон геј сцената во главниот град на Германија.
Војниците и сексуалната работа, „топли браќа“ и зачетоците на модерниот активизам
Beachy потрошил неколку години на ова истражување и посветеноста на архивите, а за сериозноста на неговиот историографски пристап сведочат оние 30 страници библиографија и наведени извори, кои се наоѓаат на крајот од неговото маестрално дело. “Gay Berlin”, без сомнеж, е обврзчувачко четиво за секој што се интерсира за геј историјата, независно од тоа дали ќе се сложи со тезите на Beachy, бидејќи сепак се работи за книга која предизвикува и е забавна.
Всушност, како не може да биде таква, ако книгата е посветена на динамиката на град каков што е Берлин, и град во кој околу сексот никогаш не постоела претерана морализација. На таа линија се бележи и машката сексуална работа, која се појавува во 18 век, благодарејќи на воениот гарнизон кој бил сместен во тогашната пруска метропола. Имено, младите војници не биле добро платени, па така недостатокот на своите приходи го компензирале со сексуална работа, а војничките униформи многу им помогнале во привлекувањето на потенцијалните муштерии.
Понатаму, токму во книгата на Beachy се споменува синтагмата „топли браќа“, која била карактеристична во употребата во 19 век во Берлин, и со истата се упатувало на хомосексуалците, и ова е едно од нештата со кое авторот во целост, покажува на таа фасцинанта можност на формирање на геј идентитет во тоа време. И покрај потребните задршки и почитта кон критиката на политиките на идентитетот, авторот смета дека таквиот геј идентитет бил клучен во еманципацијата на хомосексуалците, како и во ослободувањето од хетеропатријархатот.
Извор: www.crol.hr
ПРОДОЛЖУВА