Геј игрите или уште познати како Геј игри 9 (Gay Games 9/GG9) претставуваат меѓународен спортски и културен настан, кој се одржува на секои четири години – пандан на Олимписките игри. Со првото одржување во 1982 г., игрите се отворени за сите учесници од различни спортски дисциплини, без оглед на сексуалната ориентација, расата, родовиот идентитет, пол, религија, националност, етничка припадност, политички убедувања, физичка способност, возраст, здравствен статус. Игрите нудат безбедна средина за ЛГБТ натпреварувачите и се отворени за сите кои имаат 18 или повеќе години. Карактеристично, околу 10% од учесниците не се ЛГБТ, или најчесто пријатели и членови на семејства кои учествуваат со цел да ја изразат својата поддршка.
Kливленд и Акрон, Охајо во Соединетите Американски Држави беа домаќини на овогодинешните Геј игри, кои се одржаа од 9-ти до 16-ти август, а на кои учествуваат повеќе од 70 земји.
Федерацијата на Геј игрите е ,,чадор‘‘ организација, одговорна за менаџирањето на Геј игрите и работи во соработка со кадарот и одборот за Геј игрите, 2014 година. Федерацијата е базирана на основните принципи на Геј игрите: учество, вклученост и лична добросостојба. Одлуката на членовите на Собранието на оваа Федерација е да бидат вклучени спортски и културни организации од секој континент.
Геј игрите за прв пат биле организирани во 1980 година, од страна на Том Вадел.
Повеќе од четвртина век, се гради меѓународниот кредибилитет на Геј игрите како размена на културни, социјални и политички искуства во однос на ЛГБТ луѓето низ целиот свет, истовремено охрабрувајќи ги младите на спортско натпреварување.
Во 1981 геј спортистите беа скриена и маригнализирана заедница како дел од поширокото маргинализирање на целата ЛГБТ заедница. Да се биде спортист или да се биде геј бил исклучувачки избор, односно не можело да се биде истовремено и спортис и геј. Сетоа тоа се сменило кога спортистите организирале марш на Кејзар стадионот во 1982 година.
,,Потребно е да откриеме повеќе од процесот на нашето сексуално ослободување, односно тој процес да го аплицираме и на други форми на ослободување‘‘ напишал Вадел. ,,Геј игрите не се сепаратистички, тие не се исклучувачки, не се насочени кон победа, и не се базираат на комерцијални придобивки. Тие се, всушност, иницијатива за глобално зближување во заедницата, градење пријателства, имање искуство со вклученост, покревање на свеста, и постигнување на културна и меѓу-културна синергија…‘‘ дополнува Вадел. Тој сакал да создаде заедништво помеѓу припадниците на ЛГБТ заедницата и тоа претставувало незаменлив напор, односно сакал ,,да ги искорени преовладувачките однесувања поврзани со сексизмот, расизмот и ,,ејџизмот‘‘. Триесет години подоцна, можеби најдобра оцена за движењето што го покренаа Геј игрите се промените кои произлегоа и кои придонесоа кон кредибилитетот на игрите.
Од тимот на ЛГБТИ Центарот, го контактиравме лицето одговорно за комуникација Lisa Sands и очекуваме информации за учесниците од Македонија на Геј игрите.
Извор: http://www.gg9cle.com