Започна националната кампања на организациите Искорак и Контре од Хрватска чија цел е поттикнување на лезбејките, геј, бисексуалните и трансродовите луѓе (ЛГБТ) да пријавуваат насилство на кое се изложени поради нивната сексуална ориентација или родов идентитет.
Кампањата ќе трае до крај на април, а е дел од проектот “Спречувања на хомофобичните и трансфобичните кривични дела поттикнати од омраза” кој го спроведуваат двете организации во соработка со Министерството за внатрешни работи на Хрватска, а со финансиска поддршка на Холандската Амбасада во Хрватска. Основните информации за кампањата и проектот беа претставени на конференцијата за новинари, каде се обратија активистите на Контре и Искорак, Министерот за внатрешни работи на Хрватка Ранко Грубишиќ, како и Холандската Амбасадорка во Хрватска Стела Ронер – Грубачиќ.
Во склоп на кампањата ќе се одржат и јавни акции во Осјек, Сплит и Загреб, каде ќе се поставуваат плакати и ќе се делат летоци со телефонските броеви на полицијата и правниот тим на Искорак и Контре, со кои се повикуваат ЛГБТ луѓето да се информираат, пријавуваат криминал поттикнат од омраза и да се борат за своите права.
Сања Јурас на конференцијата истакна: “Криминалот поттикнат од омраза е кривично дело сторено поради нечија сексуална ориентација или родов идентитет, а од 2006 г. е воведено во хрватскиот Кривичен законик”, потоа продолжи да ги охрабрува ЛГБТ луѓето да пријавуваат насилство, но и слободно да ја манифестираат нивната сексуална ориентација и родов идентитет без страв од дискриминација.
Министерот Остоиќ исто така ги поттикна ЛГБТ луѓето да го пријавуваат насилството во полиција и даде ветување дека сите пријави и случаи на насилство поради сексуална ориентација ќе бидат обработени. Остоиќ истакна: “Пораката е дека не смеете да се двоумите. Криминалот поттикнат од омраза може да се спречи само ако се пријавува и санкционира. Хрватската полиција од неодамна е специјално едуцирана за криминалот поттикнат од омраза над ЛГБТ луѓето, што стана и дел од редовната програма на Високата полициска школа”.
Центарот за ЛГБТ рамноправност започна со едукација на полицијата на оваа тема од претходната година, а едукацијата и соработката со полицијата се одвиваат успешно. За целите на едукацијата, Центарот објави и брошура за полициски службеници со јасни упатства како да се препознае криминалот поттикнат од омраза и како да се постапи во такви случаи.
Холандската Амбасадорка Ронер – Грубашиќ, говорејќи за искуствата од својата земја, истакна дека полицијата во Амстердам формирала посебна едница “розево во плаво” на која можат да се обратат ЛГБТ луѓето. Поради побезбедно окружување за сите граѓани ја истакна спремноста на Полициската академија од Холандија за соработка со хрватската полиција со цел да се спречи насилството врз ЛГБТ луѓето.
Извор: Queer.hr