Во сабота (20 декември), во 19.00 часот во просториите на ЛГБТИ Центарот за поддршка ќе се одржи дискусијата „Мед и крв во 21 век: балканските искуства со говор на омраза и дела од омраза, и слободата на говор‘‘.
Виножито-мапите на ИЛГА-Европа укажуваат на застрашувачкиот тренд на Балканот, на нарушување на слободите и правата на ЛГБТ луѓето. Постоечките, но неефективни механизми на заштита и гаранција на правата и слободите, доведуваат до отсуство на институционално третирање на припадниците на ЛГБТ заедницата. Оттука, насилството како најизразена форма на хомофобијата и официјалното поттикнување на хомофобично насилство, во современи услови се‘ почесто се однесува на говорот на омраза и дела од омраза. Континуираните напади на Поворките на гордост низ целиот Балкан, како и нападите на таргетирани места и лица укажуваат на потребата од сериозен придонес кон борбата против хомофобичното насилство, односно воспоставување на линија на казнивост низ која ќе се остварува правдата кон ЛГБТ заедницата како различна, но еднаква општествена група.
Користејќи ја приликата на официјална посета на Република Македонија, Јован Којичиќ ќе биде гостин и говорник на дискусијата „Мед и крв во 21 век: балканските искуства со говор на омраза и дела од омраза, и слободата на говор‘‘.
Јован Којичиќ е советник на Првиот министер на Црна Гора за човекови права и заштита од дискриминација. Во оваа улога, Којичиќ ја поддржува и поттикнува Владата на Црна Гора во исполнувањето на критериумите за влез во Европската Унија, вклучувајќи го и воспоставувањето на анти-дискриминациска легислатива, односно политики за заштита на човековите права. Влијанието на Којичиќ е исклучително, имајќи го предвид неговиот ангажман поврзан со работата во областа на човековите права на ЛГБТ луѓето и состојбите на Балканот воопшто. На таа линија, тој ја организираше првата конференција од таков тип на Западен Балкан: ,,Правда на Балканот: Еднаквоста и сексуалните малцинства‘‘ во 2009 година.
Којичиќ е член на Southeast Europe Society како и на European Commission on Sexual Orientation Law (ECSOL) од Црна Гора. Покрај својот политички ангажман, Којичиќ има сериозна академска позадина. Тој е асистент на предметот Право на Европска Унија, и во моментов ја подготвува својата втора докторска дисертација во областа на меѓународното право за правата на човекот на Универзитетот Лунд, Шведска на отсекот Социологија на правото. Исто така, како визитинг професор Којичиќ покрива повеќе предмети поврзани со меѓународното јавно право и тоа на Универзитето во Лајпцинг, Германија, Институтот Вилијамс во Лос Анџелес, Калифорнија, САД. Неговата академска активност е афирмирана, меѓудругото, низ добивање на следните награди: Academic Fellowship, DAAD, for the 19th European Summer Academy in Germany (2008); Academic Research Fellowship, DAAD (2008); Graduate College Europa Fellows II, Federal German Ministry of Education and Research and European Union Fellows Programme, European University Viadrina, Germany (2005); European Viadrina University PhD Fellow (2004); The European System of Human Rights Summer Course Fellow, European Viadrina University, Council of Europe and DAAD (2003), DAAD PhD Fellowship (2002-2004).
Учество во дискустијата ќе имаат и претставници на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија.
На следните линкови може да ги погледнете платформите кои ги организираше Хелсиншкиот комитет за човекови права со цел следење и пријавување (одржување статистика) на говорот на омраза и делата од омраза: govornaomraza.mk и zlostorstvaodomraza.com.