Недостатокот од легислатива ги измачува луѓето во постапките за докажување на идентитетот
Бен Пауер (десно) и Борден Џиамбор од Мрежата за трансродова еднаквост на Ирска, фотографирани во Смитфилд, Даблин. Фото: Ејдан Кроули
Автор на текстот: Орла Тинсли
Аплицирањето на универзитет не е лесно за никого, но доколку сте трансродово лице, тогаш недостатокот на законска легислатива може да ви причини дополнителни потешкотии.
Кога Бен Поуер аплицираше да се врати како возрасен студент на универзитетот на кој предходно студираше, името на неговото уверение за мирување на студиите не одговараше со родот назначен на апликацијата. Така, 32-годишниот Бен мораше да се јави на Универзитетот и да понуди дополнителни објаснувања за да му биде понудено место на истиот.
“Јас го контактирав универзитетот бидејќи истово ова му се има случено и на еден мој пријател, па знаев дека треба да бидам внимателен. Доколку истото се немаше случено предходно, немаше да знам„ тој вели .
“Луѓето не сфаќаат колку сето ова може да им влијае на луѓето на толку многу различни нивоа. Кога конечно ќе се направи промената во Изводот на родените, тогаш се е веќе неспорно„.
Приказната на Бен е само една од многуте ситуации каде недостатокот од легислатива во практиката значи постоење на значителни бариери во секојдневниот живот на трансродовите луѓе.
“Постојано од вас се бара да обезбедите големи количини на документација и друг физички доказ за да го докажете вашиот идентитет„ вели Сара Филипс, фасцилитатор во Мрежата за трансродова еднаквост на Ирска (ТЕНИ). Во минатото, главниот фокус на Мрежата беше справување со емотивните проблеми на трансродовите лица, но “на работилниците повеќе не разговараме за емоционални прашања„ таа вели, додавајќи дека “луѓето сакаат да знаат како да се снајдат со документацијата потребна за издавање на возачка дозвола, работничка и здравствена книшка и сл.„
Победа пред Високиот суд
Битката за правата на трансродовите лица во Ирска започна пред 20 години од страна на д-р Линда Фој, транс жена која во 1993 година му пиша на Генералниот регистар, барајќи да и се издаде извод во кој е наведен нејзиниот женски род. Во 2007 година, таа го доби случајот пред Високиот суд, каде се утрврди дека државата постапила спротивно на одредбите од Европската конвенција за човекови права. Одтогаш, државата беше приморана да изнајде механизам кој овозможува признавање на родот на луѓето.
И покрај оваа одлука – и покрај уверувњата дадени од страна на Министерката за Социјална Заштита, Џоан Бартон минатата година на Четвртиот Совет за Трансродови Луѓе во Даблин, дека легислативата ќе биде завршена до крајот на 2012 година – на ова поле не беше постигнат понатамошен напредок.
Легислативната програма на Владата укажува на тоа дека 2014 година е пореалистична дата. Во Јануари оваа година, д-р Фој започна нов случај против државата. Ирска е единствената држава во Европа која се уште ја прекуршува Европската конвенција по ова прашање.
Дискриминација на работното место
Деветнаесет годишниот студент Тајрон (тој сака да биде идентификуван само по неговото прво име), вели дека денес е полесно да се биде младо трансродово лице, но недостатокот од легислатива се уште овозможува дискриминација. “Сега е полесно одколку што беше и јавносата станува се позапознаена со проблемот„ вели младиот студент кој во моментов бара работа за да може да си ги плати студиите. “на интервјуата го споменувам мојот родов идентитет само доколку посакаат да стапат во контакт со мојот предходен работодавач„ тој вели, додавајќи дека “при последните три интервјуа за работа, само на едно рекоа дека немаат ништо против тоа да вработат трансродово лице. На останатите две рекоа дека тоа не би одговарало на нивната работна средина„.
Извор: Irish Times, 17.06.2013