За прв пат, говорот на омраза по основ на сексуална ориентација, официјално беше препознаен од Врховниот суд во Турција.
Турскиот Врховен суд, истакна дека означувањето на хомосексуалците како ,,перверзни‘‘ претставува говор на омраза, според порталот “LGBTI News Turkey”.
Случајот бил воден од страна на адвокатката Синем Хун против локален портал “habervaktim.com”, заради објавување на прилог во кој била наречена ,,адвокатката од асоцијацијата на перверзните наречена Kaos GL.”
Врховниот Суд настапи со мислење дека не може да биде изречена казна за порталот, затоа што нападот бил насочен кон организација, а со тоа не биле нарушени индивидуалните права на засегнатата адвокатка. Сепак, беше признаено дека текстот од прилогот содржи говор на омраза.
Судот ја образложил својата одлука со исказот ,,И покрај тоа што постои повик за насилство или говор на омраза, при што може да се наштети на плуралната демократија или може да ја уништи, казните кои ги ограничуваат индивидуалните слободи би требало да бидат заобиколени.‘‘
Од канцеларијата на Јавниот обвинител во Анкара, изјавуваат дека говорот на омраза од порталот бил насочен кон адвокатката Синем Хун, а не кон асоцијацијата Kaos GL.
Дополнително, се потенцира дека изразот ,,асоцијација на перверзни‘‘ е насочен кон асоцијацијата, во смисла на специфична категорија на луѓе кои се дел од истата.
Со тоа, за прв пат правно беше потврдено дека реферирањето на ЛГБТИ како ,,перверзни‘‘ е говор на омраза и со тоа се таргетираат.
Оттука, пресудата беше прославена како чекор напред за турската ЛГБТ заедница.
Адвокатката Хајрие Кара, од асоцијацијата Kaos GL изјави: ,,Оваа судска пресуда значи дека за прв пат Врховниот суд го оцени говорот на омраза како криминал и затоа говорот на омраза, сега, е дел од судската пракса.‘‘
Таа дополнува: ,,Оваа одлука е од исклучително значење. Исто така, во образложението јасно е посочено дека говорот на омраза, понатаму, би требало да се казнува. Дотолку што пресудата укажува на ставот на судот во однос на говорот на омраза. Многу е значајно судот да се позиционира против говорот на омраза користен против оние со различна сексуална ориентација.‘‘
И покрај тоа што истополовите врски во Турција не се нелегални, сепак хомосексуалноста не е добро прифатена помеѓу популацијата, имајќи предвид дека голем дел од истата е со исламска вероисповед. Но од друга страна, главниот град Истанбул е домаќин на најголемата ЛГБТ прослава на гордосата во муслиманскиот свет.
Извор: http://www.gaystarnews.com