Во мала канцеларија на британскиот дневен весник The Independent во Западен Лондон, при крајот на октомври, шест судии за време од неколку часа се обидоа да направат селекција од 4 390 номинации, пријавувани изиминатиот период, со цел да се подготви годинешната Виножито-листа (2014).
Последните три личности се нови, од делот ,,топ 10‘‘ од листата, со цел мисијата да се одржува свежа и ажурирана. Исто така, се одржува и галеријата на Национално богатство, каде што секогаш ќе има место за застапување на правата на лезбејките, геј и трансродовите лица во Велика Британија.
Преку ова листа ќе бидат претставени нови лица кои се обидуваат да согледат сојузници помеѓу хетеросексуалците – кои ги поддржуваат ЛГБТ луѓето, а исто така ќе бидат претставени и афирмирани лица од уметничката и шоубиз сцената. Имајќи предвид дека ова година беше година на истополовите бракови, The Independent подготвија и дополнителна листа.
Додека се подготвувала листата, сите судии биле посветени на дебатата и сите од нив имале посебни начини на влијание во врска со конечното одлучување. Заради таквата комплицираност, било намерно воведено и правилото Janet Jackson – Што има тој/таа направено за нас, во последно време?
Таквиот напорен процес, резултираше со конечната листа која опфаќа 101 лице во боите на виножитото. Оние кои се наоѓаат на Виножито-листата на The Independent, своето место го обезбедиле преку нивната долга и конзистента историја на борба за еднакви права, дури и тогаш кога еднаквоста била ,,нелегална‘‘, но и преку отвореноста и отвореното изразување на својата сексуалност и надминување на бариерите кои се поставени за оние што имаат поинаква сексуална ориентација.
Надежите околу подготвувањето на ова листа на The Independent се дека истата ќе ја инспирира публиката, пријатно изненади и ќе ја предизика во коментирање и испраќање на мислења на sundayletters@inuk.co.uk, односно со хаштаг#RainbowList2014.
Но кој бил мотивот за таквата активност на дневниот весник? Преку Independent on Sunday, од редакцијата заклучиле дека генерално читателите се сојузници на ЛГБТ заедницата во британското општество и ја поддржуваат еднаквоста на сите, но се‘ уште е потребно објаснување за некои луѓе.
Честитки до сите кои се дел од Виножито-листата.
Првите десет од номинираните 101, се:
01. Michael Cashman, Лабуристичка партија
02. Paris Lees, новинар
03. Vicky Beeching, аналитичар во областа на религијата и музичар
04. Ruth Davidson, шкотска Конзервативна партија
05. Evan Davis, водител на вестите на BBC
06. Sue Perkins, комедијант
07. Sam Smith, музичар
08. Ruth Hunt, извршен директор на ‘‘Stonewall‘‘
09. Casey Stoney, фудбалерка
10. Suran Dickson, извршен директор на ‘‘Diversity Role Models‘‘
Извор: http://www.independent.co.uk