При репортажа, во текот на ударните вести на Дневникот на хрватската телевизија, која се емитувала по повод Божиќните празници, биле опфатени и некои духовни, но и политички пораки. Имено, од олтарот и за време на мисата, се обратиле верските поглавари, меѓу кои и Владо Кошиќ, но токму неговото обраќање е опфатено во репортажата, кое инаку се однесувало на абортусот и истополовите заедници.
„Ни се раѓаат се’ помалку деца, се дозволува абортусот и ништо не се прави против тоа, со закон се легализираа истополовите заедници кои не може да имаат деца, но во некои случаи пак им се дозволува посвојување деца. Каква е таа крутост, каква е таа декаденција на цивилизацијата?“ – запрашува Кошиќ од олтарот, додека тоа се пренесува во текот на божиќната програма на ХТВ.
На ова, реагирал еден од читателите на квир порталот CROL, Иван, кој е познат за редакцијата на овој портал: „Како припадник на сексуално малцинство, кој го искористи своето законско право и склучи истополово партнерство, се чувствувам многу лошо заради емитување на делови од говорот на Владо Кошиќ. Националната телевизија дозволи, преку централниот дневник, да се шири личен став на поединец како информација, а таквиот став е во спротивност и со законот и со други морални вредности и норми на Другите“.
Заради можноста „на Божиќ, да се пропагира дека (моето) легално партнерство е „круто и декадентно“, во текот на централниот Дневник, Иван одлучил да побара и службен одговор од страна на Хрватската радио и телевизија, а за сето тоа е известен и еден од локалните народни правобранители, понатаму канцеларијата на правобранител за еднаквост помеѓу половите, како и некои невладини организаци.
***
Во меѓувреме, и ова година, група на православни свештеници се „соблекоа“, за еден календар кој е наменет за добротворни цели и борба против хомофобијата. Годишниот календар е продукт во кој учествуваа неколку свештеници од романската православна црква, со цел да ги предизвика конзервативните мислења во рамки на црквата. Во календарот се поставени неколку фотографии со разголени свештеници, во провокативни пози.
Календарот за 2016 година, каде што позираат романските православни свештеници, беше објавен неодамна и истиот е достапен за нарачување. Овогодишната едиција на ваков календар, ќе биде четврта по ред, а организаторите на ова иницијатива велат дека и понатаму „ова останува единствениот организиран, глобален напор против хомофобијата во православниот свет“.
Календарот за 2016 година е насловен како “Sancta Paraphilia“ или Светите похоти, односно сексуални практики кои се разликуваат од традиционалните. Она што е интересно за календаров е тоа што таму е колажиран и рускиот милитантен анти-геј активист и креатор на законот за „анти-геј пропаганда“, Виталиј Милиниов.
Четвртата серија на таков календар, според еден напис, прави обид да се постигне прифаќање на различноста, а тоа се прави преку фиктивната приказна за патувањето на Милиниов кон Западот, со цел да ја истражи различноста на страстите, кои од страна на рускиот православен патријарх Кирил се опишани како зли перверзии.
„Патувањето на неговата душа ќе го научи дека различноста на страстите не е нешто од што треба да се плаши, туку е нешто што треба да се прифати.“
Извори: www.crol.hr и www.pinknews.co.uk