Од носењето перки од страна на мажите во текот на 70тите години, преку стилот на Дејвид Боуви, како и улогата на Дијан Китон во Annie Hall, модното однесување долго време си поигрува на границите на родот. Така, претстојната сезона, новиот тренд на родово-флуидна мода ќе биде помалку посветен на мажите кои носат сукњи, туку повеќе на оние сукњи кои ќе може да ги носат и мажи и жени, истовремено. Добредојдовте во светот на модата.
(Дијан Китон како андогин херој во филмот “Annie Hall“ на Вуди Ален)
На таа линија, на родово неконформирачка мода, ќе биде снимен и новиот документарец во продукција на компанијата на Лена Дунам. Главната улога ќе ја има Рејџел Тутера (29) која работи во Њу Јорк, а за себе вели дека „преку облеката е поблиску до ЛГБТ заедницата“. Нејзината кариера започнала со правење костуми за жени, кои паралелно ќе ги задоволат нејзиниот маскулинистички стил. „Научив да носам облека која ме покрива“ вели таа. „Правејќи го овој костум за себе, во основа, наново го спознав моето тело. Мислам дека луѓето ме гледаат на начин, кој придонесува кон алиеанција од она како јас гледам на себе си“ вели Тутера.
Премиерата на филмот коинцидира со актуелното акцентирање на унисекс моделите во високата мода, како што се Елиот Сејлорс кој/а што настапува и како машки и како женски модел, Саскиа Де Брау која беше машки модел за брендот Сент Лорен, и секако Андреја Пејиќ.
(моделот Андреја Пејиќ, 2014)
Трендот, дури, се развива и кон категории на убавина, со презентирањето на нова колекција на фризури кои се родово неутрални од страна на Чарлс Вортингтон, минатиот месец, каде што се вклучени и варијантите на “strob” и “boy bowl”. И покрај тоа што, доминантно жените се склони кон овие фризури, во неговиот салон, од таму велат дека се‘ почесто и мажите експериментираат во тој правец.
(модели од последната кампања на Чарлс Вортингтон)
Според Дин Кисик, модниот критичар, причините за се‘ погоре вели дека причините не се само естетски: Потешко е за мажите, затоа што не постои висока мода за мажи или постои? Мислам дека сите се заинтересирани за тоа како е да се биде девојче, односно како е да се биде момче, и затоа е природно да постои интерес за носење облека која е „наменета“ за спротивниот пол. Модата е секогаш во врска со испробување на нови изгледи и сензации, и „мислам дека огледувањето е една форма на флертување“ вели Кисик. Од друга страна, Кисик вели „Унисекс модата повеќе не е табу“.
Извор: www.theguardian.com