Минатата недела Обединетите Нации објавија извештај во кој ја осудуваат праксата на хируршки зафати за “нормализација” на интерсексуалните деца.
Специјалниот известувач за тортура (SRT) на Советот за човекови права на Обединетите Нации на Генералното Собрание поднесе извештај кој се однесува на практиките на хируршко менување на децата родени со гениталии кои не се типично машки ниту пак типично женски, или за кои не може јасно да се каже дека припаѓаат на еден пол. Според извештајот , “Децата кои се родени со атипични полови карактеристики често се жртви на ”неповратна промена на пол, недоброволна стерилизација, недоброволна операција за нормализација на гениталии, без нивна свесна согласност ниту пак од нивните родители, ‘обидувајќи се да го “поправат” нивниот пол’ ги оставаат со перманентна, неповратна неплодност и сериозно ментално страдање”.
Извештајот вели: “Специјалниот известувач ги повикува сите држави да го укинат секој закон кој дозволува нападни и иреверзибилни третмани, вклучувајќи ги и принудната операција за нормализација на гениталии, недоброволната стерилизација, неетичките експерименти, јавното медицинско разоткривање, ‘репаративните терапии’ или ’конверзивните терапии’, кои се прават без слободна и свесна согласност на засегнатото лице. Исто така ги повикува да се забрани со закон принудната стерлизација во сите ситуации и да овозможат специјална заштита на индивидуите кои припаѓаат на маргинализираните групи.”
Според Интерсексуалната заедница на Северна Америка (ISNA), интерсекс е “генерален термин кој опфаќа варијација на состојби во кои е родено лице со репродуктивна и сексуална анатомија која не е во рамката на типичните дефиниции на маж или жена.” Интерсексуалноста може да биде различна – како неодредени надворешни гениталии, неодредени внатрешни полови органи, и/или полови хромозоми кои се надвор од нормативните медицински дефиниции. Според ISNA, во просек врз едно или две родени бебиња од 1000 се врши некаков вид на операција за “нормализација” на пол.
За повеќе информации околу интерсексуалноста, посетете ја веб-страната на Интерсексуалната заедница на Северна Америка.
Оригиналната вест можете да ја прочитате на следниов линк.
ЛГБТИ Центарот за поддршка се придружува кон осудата врз праксата на хируршки зафати за “нормализација” на интерсексуалните деца. Во Република Македонија не можат да се најдат податоци за регистрирано интерсексуално дете. Неофицијално се претпоставува дека на децата кои се родени со атипични полови органи веднаш им се прави операција за “нормализација” на полот без нивна свесна согласност или на родителите, а потоа се регистрираат како машки или како женски.