Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/load.php on line 643

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/theme.php on line 1556

Deprecated: The each() function is deprecated. This message will be suppressed on further calls in /home/lgbti/public_html/old/wp-content/plugins/js_composer/include/classes/core/class-vc-mapper.php on line 111

Notice: Trying to access array offset on value of type bool in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/plugin.php on line 233

Deprecated: Function get_magic_quotes_gpc() is deprecated in /home/lgbti/public_html/old/wp-includes/formatting.php on line 4348
Отворено писмо до г. Николиќ, Дачиќ и Вучиќ по повод најавата за јавен собир на 28ми септември 2013 – LGBTI Macedonia

id="post-858" class="post-858 post type-post status-publish format-standard has-post-thumbnail category-ostanato single-post-content has-thumbnail" itemscope="itemscope" itemtype="http://schema.org/Article">

Отворено писмо до г. Николиќ, Дачиќ и Вучиќ по повод најавата за јавен собир на 28ми септември 2013

По повод најавата за одржување на јавен собир, генералниот секретар на Синдикатот на српската полиција, г-н Лазар Ранитовиќ, упати отворено писмо до:

–          Претседателот на Р. Србија, г-н Томислав Николиќ

–          Премиерот на Р. Србија и Министер за внатрешни работи, г-н Ивица Дачиќ

–          Првиот потпретседател на Владата на Р. Србија, г-н Александар Вучиќ

Почитувани,

Ви се обраќаме со ова јавно писмо со надеж дека ќе ги разберете српските полицајци. Полицајците кои на улица се полуголи, искинати, боси, слабо платени, во долгови „до гуша“… Полицајците кои се слабо опремени и уште послабо правно заштитени од страна на државата која ја претставуваат и бранат.

Бидете сигурни, господа, дека српските полицајци ќе ги истрпат сите неправди, дека ќе дадат свој придонес за државата и општеството во транзиција, на патот кон Европската Унија. Српските полицајци ќе покажат почит кон Уставот на Србија во однос на загарантираните човекови и граѓански права, ќе го заштитат јавниот ред и мир и ќе го спречат хаосот на улиците, без оглед на горенаведеното. Српските полицајци ќе ги извршат дадените задачи професионално и според законот.

Вие, господа, многу мудро одлучивте дека одржувањето на геј-парадата е во интерес на државата, а веднаш потоа храбро објавивте дека нема да учествувате на тој настан. Од нас, српските полицајци, се бара да ја овозможиме и обезбедиме.

Затоа зборовите на премиерот/министерот за внатрешни работи звучат речиси нереално, а беа искажани вчера, во една ТВ емисија со висока гледаност и беа повторени неколкупати во текот на денот, а само два дена пред одржувањето на парадата во Белград, тврдејќи дека гејовите односно педерите не се нормални, да не мора да се стане геј (или педер) за некому да се додворува и слично.

Па, не мора господинот премиер/министер да стане геј (или педер), еве, и ние можеме да потврдиме дека воопшто не личи на педер (или геј), изгледа токму онака, машки… мачо. Иако, навистина не знаеме зошто неговата сексуална ориентација треба кого било да го интересира, затоа што тоа не би требало за никого да биде проблем.

Меѓутоа, овие негови зборови, изговорени токму пред одржувањето на парадата можат да бидат потенцијално голем проблем, затоа што некој би можел да ги протолкува не само како директен повик, туку и како дозвола „од највисока инстанца“ за пресметка, дури и физичка, со „ненормалните“. Притоа не е важно дали кој било од нас приватно се согласува со одржувањето на парадата, туку е важно тоа што тие зборови ги изговорил премиерот и министер за внатрешни работи на една држава, човекот чии зборови имаат поинаква тежина од онаа на зборовите напишани на некој форум или изговорени во некоја анкета.

Дали господинот премиер/министер е свесен дека тој е главниот претпоставен на неколку илјади наши (и негови) колеги кои за два дена ќе бидат задолжени за безбедноста на учесниците на парадата и останатите граѓани на улиците и плоштадите на Белград и дека со своите изјави уште сега ја загрози нивната безбедност. Наместо на колегите да им ја олесни работата, тој им ја отежнува, наместо да ја смири ситуацијата, тој дополнително ја разгорува. Господине премиере/министре, во што ги туркате своите колеги додека победоносно бегате?

Премиерот/министерот за внатрешни работи нема право на такво однесување и на такви изјави, затоа што тие можат да бидат погубни, затоа што тие можат да значат и десетици или стотици непотребно скршени глави, десетици или стотици скршени раце и нозе, можат да значат и повредени бубрези, можеби и нечиј непотребно загубен живот, дури и од оние кои му се подредени.

Лесно му е на премиерот/министерот да дава вакви изјави затоа што на тој ден, тој нема да излезе на улица како учесниците на парадата, ниту како полицаец задолжен за нивната безбедност. Тој нема да биде во никаква физичка опасност.

Ние не сакаме никој да биде повреден на улиците на Белград тој ден, но особено сме заинтересирани ниеден наш колега да не биде во ситуација да му биде загрозено здравјето и животот, а не сакаме ни тие, од која било причина, да го загрозат здравјето и животот на некој друг.

Господа, српските полицајци и во потешки ситуации биле на висина на задачата, па така ќе биде и во сабота. И покрај лошите логистички и финансиски услови, професионалноста на српската полиција и нејзината посветеност на службата никогаш не била доведена во прашање – напротив, јавноста, граѓаните и ресорното министерство се свесни дека припадниците на полицијата никогаш не бегале од одговорноста, предизвиците и комплексните барања поставени пред нив. Но полицајците не сакаат повторно да бидат глинени гулаби, а особено не во таква ситуација да ги доведува нивниот министер!

Се надеваме дека од нас се очекува да ги почитуваме законите, правилата на службата, да извршуваме наредби, а притоа да не користиме законски средства за присила, дури ни тогаш кога сме нападнати и загрозени.

Затоа,

Од Вас бараме, во овие сериозни безбедносни предизвици, да избегнувате провокации и егзибиционизам од кој било вид, да се однесувате како одговорни лидери и политичари, а не како „ѕвезди на реалити шоу“. Не дозволувајте Вашето однесување и Вашите изјави да влијаат на безбедноста, здравјето и животот на сите потенцијални учесници на парадата: ни на оние кои ја поддржуваат, ни на оние кои се против неа, ниту на нас полицајците. Немојте да н? раскарувате, затоа што тоа нема да Ви го простиме.

Од Вас бараме и Вие да н? заштитите нас. Од Вас, како најодговорните луѓе во државата, бараме да н? поддржите во тоа што јавно ќе ветите и ќе им се заканите на оние кои се противат на одржувањето на геј-парадата; дека ќе им се суди по скратена постапка и најстрого ќе бидат казнети сите оние кои ќе ја нападнат поворката или српската полиција. И бараме тоа навистина да биде така! Да не остане само едно декларативно и празно ветување. Конкретно, доколку државата Србија има можност да ангажира 5.000 полицајци за да ја обезбеди геј-парадата, сосема логично е, да може за тој ден да ангажира барем 50 судии и обвинители, кои по скратена постапка би ги процесирале случаите на сите оние кои не ја почитувале Вашата одлука парадата да се одржи. Доста ни е од празни ветувања од државата која веќе многу ни должи, од нови униформи и опрема, до неисплатени заостанати парични надоместоци за патни трошоци, ноќни смени и прекувремена работа, работа за државни празници…

Геј-парадата ќе дојде и ќе помине. А тогаш, кога ќе ја извршиме и оваа задача и ќе ги заштитиме правата на граѓаните, нам ни претстојат жестока синдикална борба за нашите граѓански, човекови и работнички права! Нема да дозволиме да се кршат копја на грбот на полицајците! Немојте да го заборавите тоа! Од Вас бараме сите надлежни и одговорни лица конечно да почнат да ја извршуваат својата работа во државата, а доколку се случи да заборавите на тоа, бидете сигурни дека Синдикатот на српската полиција нема да се воздржи од тоа да ги повика вработените да Ве потсетат на тоа.

Со почит,

Генерален секретар на ССП,

Лазар Ранитовиќ

Извор: http://ssp.org.rs/arhive/5658