40% од кинеските универзитети користат учебници според кои се’ уште хомосексуалноста е ментална болест, иако хомосексуалноста беше тргната од официјалната листа на ментални болести во Кина во 2001 година.
Организацијата The Gay and Lesbian Campus Association in China (GLCAC) во Кина, одлучила да направи истражување на учебниците по психологија, откако некои студенти прикачиле слики на интернет со погрешни текстови на социјалните мрежи.
Од истражувањето во кое биле вклучени околу 90 учебници, произлегло дека 42 од истите содржат текстови поврзани со хомосексуалноста, и 40% од учебниците кои се напишани после 2001 година се’ уште ја класифицираат хомосексуалноста како ментална болест.
Половина од тие учебници ја застапуваат тезата дека хомосексуалноста може да биде излечена (57.11%), како и тоа дека хомосексуалноста може да се подели во три категории: реална, лажна и психолошка. Во 42.88% од учебниците бисексуалноста е класифицирана како форма на хомосексуалноста, и во 88.10% од учебниците се расправа за тоа дали хомосексуалноста е ментална болест.
Директорот на GLCAC Алан вели дека видливоста на хомосексуалците на кинеските универзитетски кампуси е на многу ниско ниво, и оттука влијанието на тие учебници директно ќе се одрази на прифаќањето на нивниот идентитет – како во однос на поведенитето на професорите, така и во однос на поведението на студентите кон хомосексуалноста.
Резултатите биле презентирани пред дваесеттина ЛГБТ луѓе кои изјавија дека истите придонеле кон тоа да се чувствуваат гневно, разочарано, фрустрирано. Додека пак оние кои имале проблем во прифаќањето на својата сексуалност, и ги проследиле резултатите од истражувањето, изјавуваат дека таквите резултатите предизвикале страв, анксиозност, депресија и очај. Односно, ефектот кај овие луѓе бил поголема одбивност кон признавањето на својата сексуалност, и размислување околу опцијата да одат на курс за хомосексуалци.
Еден од интервјуираните, младиот доктор А Хао, по читањето на овие учебници доживеал сериозна депресија. Додека пак, друг испитаник А Мао вели дека ,,Хомосексуалноста сама по себе не е ментална болест, туку социјалната дискриминација кон хомосексуалците е тоа што го оштетува менталното здравје.’’
Професорот Фанг Ганг, директор на Институтот за студии за сексуалноста и родот на Беиџинг Форестри Универзитетот, изјавува: Многу од хомосексуалците може да претрпат психолошки проблеми, доколку се етикетирани некоректно и стигматизирачки’’. Тој додава дека овој начин на погрешно означување и стигматизација е погодна основа за развивање на дискриминација и насилство кон хомосексуалците.
Извор: http://www.gaystarnews.com