БРИСЕЛ – Работниците кои имаат стапено во цивилни партнерства ги имаат право на користење на еднакви бенефити како паровите кои се во брак, пресуди Европскиот Суд за Правда, што ќе има огромно влијание врз договорите за вработување и социјалните режими.
Во пресудата од четвртокот (12 декември), судот со седиште во Луксембург заклучи дека негирањето на еднавите права во однос на користењето на бенефитите ќе доведе до дискриминација на основа на сексуална ориентација.
Донесувањето на пресудата дојде како одговор на случајот на Французинот Фредерик Хеј од 2012 година, банкар вработен во Кредит Агрикол. Хеј го започна судскиот процес после одбивањето на барање за екстра денови одмор од работа и бонусот на плата којшто неговата компанија ги давала на ново-венчаните колеги и покрај влегувањето во цивилно партнерство (PAC) со неговиот партнер во 2007 година.
Цивилните партнерства беа воведени во 1999 година за да им дадат правно признание на истополовите партнери но со скратени бенефити во однос на оние на брачните партнери.
Истополовите бракови не беа дозволени во Франција се до почетокот на оваа година, кога францускиот парламент ја усвои легислативата по ова прашање иако имаше доста протести од страна на црковни групации.
Во еден наврат, Судот изјави дека неуспехот во постигнувањето на колективен договор за обезбедување идентични права на истополовите партнери на кои не им е дозволено да стапат во брак “доведува до зголемување на директната дискриминација врз основа на сексуална ориентација.”
“Ситуацијата на лица кои стапуваат во брак и на лица на кои не им е дозволен брак но затоа склучуваат цивилно партнерство (PAC) е споредлива за цел овозможување на одредени бенефити,” додадоа претставници на Судот.
“Денес Судот изјави дека без разлика на видот на заедницата во која имаат стапено, сите парови заслужуваат користење на истите бенефити од работното место” вели Мајкл Кешман, Заменик Претседателот на Европската Парламентарна Интергрупа за ЛГБТ Права, разговарајќи во однос на пресудата.
“Ова оди во ист правец со одлуката на Европскиот Суд за Човекови Права кој во 2010 одлучи дека истополовите парови целосно се вклопуваат во дефиницијата за “семеен живот”,” изјави Мајкл.
Во 2010, Европскиот Суд за Човекови Права ги прифати геј врските како форма на “семеен живот” како дел од одлуката во случајот Копф против Австија.