Повеќе од 30 години, инфекциите кои не престанале да се шират, ги отвораат прашањата околу тоа што функционира, а што не функционира како лек кој може да го превенира ХИВ вирусот, односно и понатаму без таквиот вид на превенција инфекциите продолжуваат да бидат присутни во сите делови од светот. Организациите на цивилното општество кои работат во областа на здравствените и сексуалните права, ги повикуваат политичките елити на поконкретни ангажмани околу политики за превенција и соодветен третман, кои ќе се базираат на факти, а не на идеологија.
На линија на повикот до владите низ светот да ги промовираат човековите права и јавното здравје, постои извесен напредок во Европа, во таа смисла, имајќи го предвид одржувањето на конференцијата организирана од италијанското Претседателство на Советот на ЕУ (27-28 ноември, Рим) – “Fight against HIV/AIDS ten years after the Dublin Declaration: Leaving no One Behind – Ending AIDS in Europe”.
Според AIDS Action Europe, европските лидери го имаат клучот за прекинување на ширењето на епидемијата, затоа што може да располагаат со политичките и економските ресурси кои се потребни за имплементација на ХИВ/СИДА стратегиите.
Владите и донотарите треба да го подигнат нивото на инвестирање на прилагодени и иновативни пристапи кон оние кои се припадници на ранливи групи или мажите кои имаат секс со мажи, мигрантите, луѓето кои се корисници на дроги, сексуалните работници, трансродовите лица и притворениците. Таму каде што политиките се креирани врз основа на медицински докази, човекови права и начини на намалување на штетата, инфекциите со ХИВ вирусот се намалени, додека политиките на присилување и недоволното инвестирање за превенција и сервиси за заедницата, најчесто резултираат со зголемен број на ХИВ инфекции. Така, се истакнува потребата од превенција за мажите кои имаат секс со мажи, како и за мигрантите, се однесува на иновативните политики, со оглед дека овие практики придонесуваат кон зголемување на бројот на инфекции.
Но многу е значајно ургентно да се обезбеди третман и пристапи до превентивни сервиси за секого, независно од административните или осигурувачките процедури. На таа линија, во Европа се нарушуваат човековите права со тоа што пациентите со сериозно влошена состојба ги препраќаат во земји каде што тие пациенти практично немаат пристап до здравствена заштита и третирање. Односно ситуацијата со мигрантите кои имаат неругулиран статус ја одразуваат токму таквата ситуација.
Европската Унија треба да ја преземе својата обврска во поддршка на државите во наоѓање начини за финансирање на националните реакции на ХИВ вирусот, Хепатит Ц, туберколоза и други поврзани инфекции. Така, државите можат да ги прошират фондовите за модели кои се докажано ефективни и да придонесат кон финансирање на превенцијата, третманот и грижата.
Граѓанското општество ги повикува европските влади да изнајдат пат до соодветно достапна медицина и можност за дијагностицирање на ХИВ вирусот, ширењето на хепатит и туберкулоза. Во 2014 година, за прв пат беше објавено дека е пронајден лек за Хепатит Ц, иако на ниво на владино одлучување не можеше да се добие консензус околу достапноста на цената за лекот и третманот. Здравствените системи, дури и во побогатите земји, не можат да одговорат на висината на цените кои ги поставуваат компаниите. Тоа значи дека некои влади го ,,рационализираат‘‘ трошењето на парите или навистина не се во позиција да обезбедат извесна сума на пари. Во врска со оваа ситуација, Тамаш Берецки (член на Управни одбор на European AIDS Treatment Group) изјавува: ,,Тој универзален пристап до лек за заразна болест се ограничува заради цените и тоа претставува политички скандал, од аспект на човековите права и јавното здравје.‘‘
Европа до 2015 нема да ги постигне целите во врска со справувањето со ширењето на ХИВ, смета Светската здравствена организација. ХИВ трансмисијата во 2013 е зголемана за осумдесет проценти во споредба со бројките од пред една деценија. Последните статистики од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Светската здравствена организација покажуваат дека минатата година биле заразени со ХИВ околу 136 000 луѓе во Европа и Централна Азија.
Минатата недела беше Европска недела на ХИВ Тестирање, и тоа во Македонија беше одбележано низ приклучувањето на ХЕРА во акцијата, со што во Младинскиот центар „Сакам да знам“ беа организирани бесплатно и доверливо советување и ХИВ тестирање.