САД воведе санкции кон Уганда заради анти-геј законите се вели дека „ги нарушува универазлните човекови права“
Белата куќа, исто така, ги намали средствата на големиот број програми кои ги работеа со властите на Уганда, и ја откажаа воената вежба.
Уганда соопшти дека нема да ги промени законите според сугестиите од страна на Запад, и покрај тоа што тие законски решенија предвидуваат дека геј луѓето добиваат доживотна затворска казна.
Законот потпишан во февруари овозможува доживотен затвор за дела како што се „влошена хомосексуалност“ и „промоција на хомосексуалноста“
ВОЗДУХОПЛОВНАТА ВЕЖБА БЕШЕ ОТКАЖАНА
Белата куќа го опиша законодавството како навреда, така што беше доведена во прашање посветеноста на Уганда за заштита на човековите права.
Министерството за надворешни работи презема мерки за спречување на влез во САД за одредени претставници од Уганда „кои се вклучени во сериозни повреди на човековите права, вклучително и на ЛГБТ заедницата“, рече портпаролката на Советот за националната безбедност Катлин Хајден (Caitlin Hayden) во писмена изјава.
САД, исто така, ги прекина или пренасочи средствата за одредени програми кои ги вклучуваат полициските сили на Уганда, Националниот институт за јавно здравство и Министерството за здравство, и ги откажа плановите да се спроведе американска воена вежба, спонзорирана воздухопловна вежба на африканската територија.
Минатата недела, американскиот сенатор Кирстен Гилибранд (Kirsten Gillibrand) ја осуди номинацијата на министерот за надворешни работи на Уганда на Генералното собрание на ООН, поради третманот на лицата со хомосексуална ориентација во неговата земја.
Би било „вознемирувачки да го видите министерот за надворешни работи на земјата која усвојува неправедни, сурови и дискриминаторски закони“, раководител на органот на ООН, изјави во медиумите за номинациијата на Сем Кутеса (Sam Kutesa).
Активистите за човекови права и политичари од Угандца, исто така, подготвија правен предизвик за укинување на законот, тврдејќи дека лицата со хомосексуална ориентација се неправедно подложни на сурово и нехумано казнување.
Властите во Уганда го бранеа законот, велејќи дека претседателот Јовери Мусевени (Yoweri Museveni) сака „да ја покаже независноста на Уганда во лицето на притисокот и провокацијата од Запад“.
Светската банка го одложи заемот од 90.милиони долари во Уганда, со цел да ги подобри здравствените услуги, иако по донесувањето на законот заемот беше одобрен.
Неколку европски земји – вклулувајќи ги Данска, Норвешка, Шведска и Холандија – ја прекинаа помошта во Уганда со цел да го покажат својот револт и противење на законот.
Извор: www.bbc.com