Апликацијата Grindr е покрената пред шест години. Од тогаш, претставува незаобиколив момент во договарањето на средби помеѓу геј мажи (повеќе од 4 милион корисници во 192 земји во светот), имајќи ја предвид практичноста на користење на GPS апаратите.
Во меѓувреме, апликацијата стана предмет на различни бихејвиористички студии, основа на уметнички проекти, а исто така заради безбедносните пропусти во апликацијата, истата се користи и за лоцирање и прогон на хомосексуалците во земјите во кои истата е забранета со закон.
Авторот на апликацијата Joel Simkhai во новото интервју за New York Times не се осврнува толку многу на контроверзиите поврзани со апликацијата, туку ја изнесува сопствената филозофија за современите романси. А во такавата филозофија нема премногу место за поделби и нијансирање на пораките.
Маската како симбол на прикривањето
„Grindr е многу визуелно искуство. Јас навистина не верувам премногу во зборовите‘‘ стои меѓудругото во интервјуто. ,,Не велам дека внатрешната убавина не е важна. Но визуелната компонента е таа која го индуцира копнежот‘‘.
Понатаму, тој признава искрено дека никогаш немал преголеми амбиции за влијание на современата култура, туку да направи апликација која пред се‘ ќе му биде нему од корист. Но Grindr секако, наспроти амбициите на основачот, стана извесна културолошка појава во дигиталниот свет.
Имено, симболот на Grindr е маска, а заправо тоа може да се однесува на прикривањето на кое геј мажите биле приморувани (дополнително, страниците на Grindr се опишувани како ,,збир на голи торза без глава‘‘).
Пушењето цигари и мачките како домашни миленици се непожелни
Добрата страна на Grindr што авторот ја согледува не се однесува на потенцијалното остварување на средбите, туку на мотивацијата на корисниците. „Grindr ме натера повеќе да се појавувам во теретана, и подобро да ги дефинирам стомачните мускули‘‘, утилитарно објаснува Simkhai. „Луѓето го критикуваат Grindr затоа што бил површен, но ја измислив јас таквата човекова особина‘‘.
Заради правилата кои ги постави Епл, Grindr мора да се придржува на јасните услови кои не допуштаат ниту снимки од долна облека или пак нешто попровокативно. Но и покрај таквите строго поставени услови, Simkhai нуди неколку совети за сите амбициозни корисници.
„Гледам долу, онака, и се чувствувам потполно поврзано‘‘ тврди Simkhai во интервјуто кое се водеше во неговата вила во Лос Анџелес. Изјавата на прв поглед може да делува збунувачки, иако весникот ја контекстуализирал пригодно, потсетувајќи дека се работи за човекот кој го заработи своето богатство на широко прифатени претпоставки дека човечкото суштество може со цел за ,,поврзување‘‘ да се сведе на фотографија и биографска белешка која не може да помине повеќе од 140 знаци.
Извор: www.crol.hr