Во рамки на програмата за одбележување на Меѓународниот ден против хомофобијата и трансфобијата, на 19 мај 2014 со почеток во 14 часот во просториите на ЛГБТИ Центарот ќе се одржи јавна дебата на тема ,,Хомофобија/ Миграција/ Работнички права – Искуствата на Германија и Македонија
ДА ЗАСТАНЕМЕ ЗАЕДНО!‘‘
Дебатата е организирана од страна на ЛГБТИ Центарот за поддршка и Фондацијата Фридрих Еберт, Македонија. Гостин на јавната дебата е поранешната пратеничка на Германскиот парламент д-р. Лале Акѓун, а излагање ќе има и член на Извршниот одбор на синдикатот на пожарникарите. Дебатата ќе ја модерира програмскиот директор на ЛГБТИ Центарот за поддршка Кочо Андоновски.
Д-р. Лале Акѓун е германска политичарка и актуелен предводник на ,,новата размена‘‘ во државниот секретаријат на Северна Вестфалија – Германија, канцеларијата за одржливa аквизиција. Од 2001 до 2009 година, таа била член на германскиот парламент, и во рамки на социјал-демократската група била одговорна за европска интеграција, исламски работи и имигрантскииски политики. Претходно, била директорка на Центарот за имигрција за Северна Вестфалија – Германија, а како психотерапевт работела повеќе од 20 години. Лале Акѓун е автор на фикција и други литературни дела за имигрантскиот живот и либералниот ислам во Германија и Европа. (http://laleakguen.de/)
Лале Акѓун долго време ја поддржува ЛГБТИ заедницата во Германија, со посебен фокус на анти-дискриминацијата и борбата против хомофобијата во рамки на имигрантската заедница во Германија. Таа е добитник на награда од квир магазинот ‘‘RIK” за поддршката на ненасилниот хомосексуален проект ‘‘Мaneo‘‘ во Берлин и за предводењето на културниот квир фестивал ‘‘Summerblut” во Колоња во 2010 и 2011 година. Го иницирала и првиот заеднички концерт на квир и традиционален турски хор. Како член на германскиот парламент, помеѓу првите го поддржала ‘‘Christopher Street Day” во Истанбул, во 2008 година.
На јавната дебата, Лале Акѓун, ќе настапи со нејзините искуства и погледи за т.н. ,,виножито коалиции’’. Таа се застапува за таквите коалции како најмоќни платформи за малцинските групи во општествата на разлики. Само преку здруженост и заедничка борба за правата на малцинските и маргинализираните групи може да се постигне еднаквост и спротивставување на дискриминацијата и насилството. Фер и еднаквите работни услови, во таа смисла, претставуваат една од основните придобивки на анти-дискриминацијата и достоинствениот живот на ЛГБТИ заедницата. Во Германија, директивите на ЕУ за недискриминација и нивната имплементација во германското законодавство, како и исполнувањето на истите преку соработка со граѓанското општество и синдикатите, претставува важен исчекор кон еднаквоста за ЛГБТИ заедницата и работните места на припадниците на оваа заедница. Ова исто така задира и во темите за миграцијата, откако сексуалната ориенатција е уште една причина за миграциската динамика од Источна Европа и Западен Балкан во Западна Европа.