Откако беше донесена одлука од страна на момчињата извидници Boy Scouts или попрецизно од нивниот извршен комитет во Америка, неодамна овој месец, сега и националниот извршен одбор ја изгласа историската одлука со која се напушта децениската забрана за вклучување на геј луѓе во редовите на извидниците и нивните лидери.
Соодносот на гласови бил 45 наспроти 12.
Извршниот комитет ја усвоил резолуцијата на 10 јули, откако претседателот на момчињата извидници на Америка Robert Gates во мај, повика на напуштање на таквата забрана.
Локалните извиднички групи ќе ја имаат слободата да одлучуваат засебно во врска со ова, и може да продолжат со таквата забрана за вклучување и на хомосексуалци во нивните редови или пак да ја укинат веднаш.
Во својата изјава, во врска со ова историска одлука, од извидничката група Boy Scouts of America истакнаа: „Денес, американскиот национален извршен одбор на американските извидници ја ратификуваше резолуцијата со која се укинуваат националните забрани за отворените геј момчиња и геј возрасни луѓе кои би можеле да бидат лидери на извидничките групи. Резолуцијата стапува на сила веднаш. Од оние кои беа присутни и гласаа, 79% гласаа за резолуцијата.“
„Организациите кои се спонзорирани од други религиозни организации и понатаму ќе може да ги избираат нивните возрасни лидери на извдничките групи, и тоа ќе вклучува некои критериуми од кои сексуалната ориентација нема да биде исклучена. Ова промена им дозволува на членовите на извидничките групи, како и на родителите на децата кои се дел од истите, да избираат локални единици во кои ќе бидат вклучени, а со тоа ќе се зачува и припаѓањето на групите кои ќе бидат спонзорирани од религиозни организации кои ги задоволуваат убедувачките потреби на фамилиите. Овој подвиг, подеднакво е почитувачки и кон правото на оние спонзорирачки религиозни организации кои може да ги изберат возрасните водачи на групите што ќе бидат доследни на нивните убедувања.
Движејќи се напред, ќе продолжиме со нашиот фокус на допирање до и служење на младите, помагајќи им да израснат во добри и цврсти граѓани. Фокусирајќи се понатаму и на целите кои не‘ обединуваат, стануваме способни да извршиме значајни нешта за младите и за заедниците на кои им служиме“ – стои во нивната изјава.
Zach Wahls, еден од основачите и извршен директор на Извидниците за еднаквост/Scouts for Equality, кој работи веќе неколку години за да се поместат напред позициите извидниците кон еднаквост, за време на јавен разговор ја објави веста и посочи дека процентот со кој е изгласано за таквото укинување на забраната е многу поголем од претходните гласања по ова прашање. Валс направи неколку добри поенти при ова обраќање, потсетувајќи на неговите активности на 19 годишна возраст, кога се обидел да објасни пред Претставничкиот дом во Ајова за нулта влијанието на сексуалната ориентација на неговите родители директвно врз него.