Поставувајќи значаен правен преседан, Кривичниот суд на Истамбул во Понеделникот донесе пресуда против еден религиозен турски весник поради употребата на анти-геј говор, со која се вели дека весникот нелегално ги навредил ЛГБТ луѓето.
Во оваа фотографија од 2012 се прикажани активисти за ЛГБТ права кои протестираат против анти-геј говорот на омраза објавен во турскиот религиозен весник.
Најголемата група во Турција која ја застапува ЛГБТ заедницата, Каос ГЛ предходно поднесе тужба за клевета до понизок суд против Јени Акит, религиозен провладин весник за објавувањето на една анти-геј статија.
Во статијата, Јени Акит наведе дека брошурата која Каос ГЛ ја има изготвено со цел да им се помоигне на наставниците да научат за различните сексуалности и да можат успешно да се справат со хомофобијата и трансфобијата во училишните средини, е всушност обид на група на ’перверзни’ и ’девијантни’ луѓе да ги корумпираат децата и да ги натераат да мислат дека нивното ’еретичко’ однесување е нормално.
Понискиот суд ја отфрли тужбата на Каос ГЛ, наведувајќи дека користениот говор не е надвор од рамките на Членот 10 од Европската конвенција за човекови права, кој се однесува на слободата на изразувањето.
Откако Каос ГЛ поднесе жалба до повисокиот Кривичен суд на Истамбул, судиите одлучија дека ’Во рамки на веста која е предмет на тужбата, јасно е дека група на луѓе со различна сексуална ориентација е понижена и навредена. Одлуката за отфрлање на тужбата не е валидна, бидејќи е јасно дека треба да се преземе јавна акција’.
Судот исто така изјави дека таквиот говор е надвор од рамките на слободата на изразување или слободата на печатот.
Судот одлучи дека весникот треба да биде гонет за прекршување на членот 216 од Казнениот законик на Турција, кој забранува навредување на општествени групи.
Омер Акпинар, Координаторотvза медиуми на Каос ГЛ, за LGBTQ Nation изјави “Оваа одлука претставува вистинска пресвртница за Турција, посебно во однос на медиумите“.
“Употребата на говор на омраза од страна на Јени Акит кој не се однесуваше само на ЛГБТИК луѓето, туку и на Ерменците, немуслиманите и сите оние кои и се противат на владата, всушност беше прогласен за нелегален“ рече Акпинар, додавајќи дека “одлуката, која беше покривана од страна на сите мејнстрим медиуми во Турција, потенцира дека јазикот на омраза против ЛГБТИК луѓето не е слобода на изразување, ниту пак, слобода на печатот“.
Акпинар рече дека иако пресудата се однесува конкретно на написот на Јени Акит од Октомври 2012 година, таа сепак поставува иден преседан и насока за другите можни правни дејства насочени против говорот на омраза.
Извор: LGBTQ Nation