По повод текстот објавен на 11 ноември 2013 година во Vecernji list – ,,Kad dvojica ili dvije tepaju ‘dijete moje’ – licemjerno lazu!‘‘ поднесена е прекршочна пријава против авторот Слободан Новак, заради прекршување на членот 25 од Закон за спречување на дискриминација.
Судот за прекршоци во Загреб информираше дека тужбата против Слободан Новак е поднесена на 28 јули. Истата е примена на 7 август, а предметот е доделен на судиката Катарина Јуришиќ, додека останатиот распоред за случајот ќе се знае во септември.
,,Текстот кој го објави Слободан Новак во Vecernji list сите не‘ скандализираше. Во истиот, сексуалната ориентација и борбата за еднаквост на ЛГБТ луѓето се изедначуваат со казнени дела. Освен што самите бевме изненадени, добивме и бројни жалби од граѓаните, и затоа одлучивме да реагираме. Дискриминацијата и вознемирувањето, со цел да предизвикаат страв, нетрпеливост и омраза се забранети во Република Хрватска, и драго ни е што полицијата ја работи својата работа. Ова не се единствените пријави за кршење на законот, туку такво пријавување посведочивме и во ,,референдумската година‘‘ и се надеваме дека надлежните органи ќе реагираат и по однос на тие случаи. Хомофобичното шиканирање и повредата на нашето достоинство, како и поттикнувањето на насилство кон ЛГБТ луѓето мора да престане.‘‘ изјавува Марко Јуриќ од Zagreb Pride.
Казна од 5000 до 3000 куни
Инаку, во текстот за хомосексуалноста се зборува како за ,,илјада-годишен етички криминалитет и злогласен против-природен блуд‘‘, како и за тоа дека ЛГБТ луѓето ,,дегутантно го свртуваат вниманието кон својата одвратна осуетеност и ја вознемируваат пошироката јавност‘‘. Понатаму, во текстот стои дека ,,не го прифаќаат фактот дека се девијантни, неприродно насочени, и дека покрај тоа сите телесни задоволства ги зачувале, со исклучок на оние кои им се социјално и формално-администравино скратени според секоја човечка логика‘‘.
Правничката од Zagreb Pride, Ана Бандало, го изјавува следното ,,Пријавата е поднесена во ноември 2013 година, во полициска станица во Загреб од каде што предметот беше проследен до полициската станица 7. Полицијата проценила дека станува збор за прекршување на членот 25 од Законот за спречување на дискриминација, и затоа е поднесена прекршочна, а не кривична пријава за говор на омраза.‘‘ Од таму очекуваат позитивен исход, а казните за таков прекршок изнесуваат од 3000 до 5000 куни.
Инаку, членот 25 од Законот за спречување на дискриминација тврди дека ,,тој што со цел да предизвика страв за некого или создава непријателско, понижувачко и навредувачко опкружување по основ на разлика во раса, етничка припадност, боја на кожа, пол, јазик, вера, политичко или друго убедување, национален или социјален статус, имотна состојба, членство во синдикат, општествена положба, брачен или семеен статус, возраст, здравствена состојба, ивалидитет, генетско наследство, родов идентитет или изразување и на сексуалната ориентација и го повредува неговото достоинство, ќе се казни за прекршок со парична казна од 5000 до 3000 куни‘‘.
Извор: http://www.crol.hr/portal