„Викендот на гордоста Скопје 2016“ има намера да креира и промовира поинаков светоглед, и да понуди радикална и многустрана критика на бинарниот родов систем, хетеронормативноста и националистичката хомофобија. СОЛИДАРНОСТА е носечката идеја на годинешниот „Викенд на гордоста“. Целиме кон подобар, поинаков свет, во кој гордоста и слободата се слават, а се става крај на хомофобијата и насилството.
„Викенд на гордоста Скопје 2016 (Skopje Pride Weekend 2016)“ ќе опфати серија настани на кои се слави солидарноста, слободата, човековите правата и алтернативните културни практики. Сите настани ќе земат место во Кино Култура од 23 до 26 јуни, а програмата вклучува:
Четврток 23 јуни 19.30: Дебата АРГУМEНТИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ: „Овој дом (не) верува дека во сегашнава општествена-политичка криза прашањата за правата на ЛГБТИ заедницата треба да добијат поголема видливост“ (во соработка со МОФ како организатори и развивачи на концептот за АРГУМЕНТ)
Петок 24 јуни 21.00: Перформанс на Борјана Роса (Бугарија/САД) – ВО ФОКУС: ВНАТРЕШНОСТА.
Сабота 24 јуни 13:00: Предавање „14 години подоцна: Историскиот развој на ЛГБТ активизмот во Македонија“ – од Ана Мишковска Кајевска.
Сабота 24 јуни 21.00: Перформанс на Vaginal Davis – светски реномирана ѕвезда на перформансот, позната како terrorist drag, и една од основоположничките на хомокор панк движењето.
Недела 21.00: Целовечерна забава со The John и Новиот почеток (DJ сетови: Виолета Качакова, Хада Блам, Соња Исмаил).
„Викенд на гордоста“ е во организација на Коалицијата Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ-Центар за поддршка при Хелсиншкиот комитет. Партнери на овогодишниот Викенд се Младинскиот образовен форум – МОФ и Кино Култура (Локомотива). Поддржано од Амбасадата на САД и Амбасадата на Франција.
Срдечно,
Тимот на Викенд на гордоста Скопје
(Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници и ЛГБТИ Центар за поддршка – Хелсиншки комитет за човекови права на РМ)
***
Во продолжение, детална програма на Викендот на гордоста кој ќе трае од 23 јуни до 26 јуни, 2016 година:
23 јуни, 19:30
Дебата АРГУМНЕТИРАНО ИЗРАЗУВАЊЕ (во соработка со МОФ како организатори и развивачи на концептот за АРГУМЕНТ):
Овој дом (не) верува дека во сегашнава општествено-политичка криза прашањата за правата на ЛГБТИ заедницата треба да добијат поголема видливост.
Говорници: Софија Куновска, Јордан Шишоски, Билјана Секуловска, Стојанче Ангелов, и Славчо Димитров
Република Македонија проаѓа низ една од најголемите општествено-политички кризи во поновата историја. Инволвираноста на власта во низа корумптивни скандали, како и драстичните и масовни прекршувања на човековите права, и економскиот пад и порастот на сиромаштијатамобилизираа силни движења на отпор и незадоволство, и континуирани протести на граѓаните. Колку што македонското општество станува се подлабоко поделено по линијата на поддржувачите на власта и нејзините опоненти, подеднакво толку се случува и обединување на различните општествени и етнички групи во заедничката борба против насилниот и криминален режим на владејачката партија и нејзините претставници и елити. Барањата за еднаквост, слобода и (социјална) правда станаа главните принципи и императиви во јавниот дискурс околу кои се врши обединувањето и солидаризацијата помеѓу различните општествени групи, и покрај разликите во историите и искуствата на дискриминација и нееднаквост. Крајната цел и мисија на различните движења и групи е една: симнување од власт на инкриминарините структури и политичари, враќање на владеењето на правото, слобода, еднакви можности и социјална правда за сите граѓани. Конституирањето на ваквиот нов, граѓански и политички субјект во Македонија низ протестите, и градењето на нови коалиции и солидаризарачки алијанси, отвори и нови дилеми и прашања за расправа и антагонизам во новите медиуми и на социјалните мрежи. Во оваа насока ја поставуваме и нашата дебата, односно дали во сегашнава општествено-политичка криза прашањата за правата на ЛГБТИ заедницата треба да се актуализираат и да добијат своја видливост, или пак, истите треба да се остават за други, подобри времиња, како би се избегнало креирањето на нови поделби и разводенување на отпорот и граѓанската мобилизација? Односно, дали борбата за социјална правда и демократија е доволна за справување со континуираните прекршувања на правата и стигматизација врз сексуалните и родовите малцинства? Конечно, кои се предностите, а кои се ризиците и опаските на едната и на другата стратегија и позиција?
24 јуни, 21:00
Перформанс на Борјана Роса (Бугарија/САД) – ВО ФОКУС: ВНАТРЕШНОСТА
Опис
Со ова дело Роса ? оддава почит на Кароли Шнеман и нејзиното дело „Внатрешен свиток“ (Interior Scroll), веројатно нејзиниот омилен и највлијателен уметнички перформанс, суштински за сексуалната револуција од минатиот век на Западот. Како Источно Европејка Роса има поинаква историја, но и потекнува од поинаква генерација – израсната во време на брзиот технолошки развој во 1990тите години кои создадоа ново тло населено од мизогинија и феминизам, како на пример виртуелниот простор и пластичните операции, и со тоа се создадоа нови контрадикции чие разрешување налага поинаков пристап. На настапот ќе го носи амазонскиот градник (Amazon Armor Bra) – силиконски градник кој ги покажува нејзините лузни од мастектомијата, а текстот што ќе го чита се раликува од поклонението на вагината на Шнеман, во обид да го осовремени перформансот.
Биографија
Борјана Роса е интердисциплинарен уметник и куратор во областа на електронскиот филм, перформансот, видео и фотографија. Повеќето од нејзините перформанси и други дела се прикажувани и изложувани на многубројни фестивалот и галерии во Европа и САД. Во 2004 година, заедно со рускиот уметник и режисер Олег Мавромати, ја основа UTRAFUTURO – меѓународна група на уметници кои работат со технологија, наука и други социјални импликации. Во 2012 година Роса докторира на тема „Родови перформанси по студената војнана Одделот за уметност, во Ренселаер, Троја, Њујорк. Таа е директор на Софија Квир Форумот, заедно со философот и активист Станимир Панајотов. Нејзините дела се вклучени во бројни јавни и приватни колекции, меѓу кои Контакт. Нејзините перформанси и видеа се дел од меѓународни уметнички архиви. Добитник е на престижната награда „Одбрана литература за писатели за уметност“ на Институтот за современа уметност, Софија за 2008 година.
Повеќе информации за Борјана Роса: http://boryanarossa.com/about/
25 јуни, 13:00 – 14:30
“14 години подоцна: Историскиот развој на ЛГБТ активизмот во Македонија“ – Предавање на Ана Мишковска Кајевска
Опис
Македонија ја декриминализира машката хомосексуалност во 1996 г. (женската никогаш не била криминализирана), но дури шест години подоцна, во 2002 г., ќе биде основана првата невладина организација што ќе ја критикува хетеронормативноста и ќе се залага за правата на нехетеросексуалните лица. Денес во Македонија постојат шест регистрирани невладини организации што директно и јавно работат на подобрување на општествената положба на ЛГБТ лицата. Во ова предавање, кое е засновано на истражувањето што го спроведов минатата година, ќе го претставам историскиот развој на ЛГБТ активизмот во Македонија, постигнатите успеси, како и некои од дилемите со коишто тој се соочува.
Биографија
Ана Мишковска Кајевска е истражувачка, преведувачка и активистка. Придружна членка е на одделот за политички науки на Амстердамскиот универзитет. На истиот универзитет се стекна со докторат од општествени науки и магистратура (cum laude) од социологија и родови студии. Минатата година, нејзината докторска дисертација ја доби наградата за најдобра дисертација од областа на родот и политиката што ја доделува Европскиот конзорциум за политички истражувања. Ана има и долгогодишно активистичко искуство во зачувувањето на животната средина и одбраната на човековите права и слободи.
25 јуни, 21:00 – 22:00
Перформанс / Предавање на Vaginal Davis (САД) – Sassafras, Cypress & Indigo—Black Screen Images and the (e)motive Notion of Freakiness
Опис
Сасафрас, Сајпрес и Индиго блек скрин имиџис и (е)мотивниот Поим на фрикството е изведба-предавање на Ваџинал Дејвис – меѓународно почитуваната интерсексуална доајенка на интермедиумските уметности и науки. Таа го крева јавниот дискурс на тринаесеттиот степен на дементност додека го објаснува квир и блатино искуството на сопствен начиншто не се имитира, создавајќи нови зборови од магла и, како бик во стакларијата на Мадам Мау, растура и гази по претставите за пристојноста и стварноста.
Биографија
Ваџинал Дејвис е иницијатор на хомо-кор панкерското движење и родово-квир уметничка и музичка икона. Нејзините концептуални бендови, меѓу кои Pedro Muriel и Esther, Cholita! The Female Menudo, црно знаме и The Afro Sisters оставија трајно влијание врз развојот на андерграунд музиката. Како Рон Ати, г-ца Дејвис ја изгради својата кариерата во клупската изведувачка сцена на Лос Анџелес, и создаде слична репутација како културен антагонист и еротски провокатор.
Дејвис е плодна продуцентка на клупски перформанси, видео и фотокопирани списанија (zines) како и други форми на антагонистички евтини дела од суштинско влијание. Го критикува галерискиот систем како и распространетиот културен тренд рефлектиран од истиот преку шеговита само-експлоатација и непристојни провокации на расната и родова конфузност.
Ваџинал Дејвис е клучна поборничка на подривачката перформативна естетика позната како терористички дрег. Самоозначена како „сексуално репулсивна“, г-ца Дејвис доследно одбива да ја ублажи конзервативната тактика во геј и црнечката политика преку панк музиката, измислени биографии, навреди, самоисмејување и постојан поттик на групен сексуален револт – сето тоа на прилично смешен и деструктивен начин. Нејзиното тело е налик сообраќајка од прекумерни значења. Ваџинал Дејвис инсценира судир на идентификации во рамките на и наспроти хетеросексуалната и квир културата, како и во црнечкиот и латино-американскиот идентитет.
Повеќе информации за Vaginal Davis: http://www.vaginaldavis.com/
22:00 – 23:00
Разговор со Ваџинал Дејвис и Борјана Роса
Модератор: Славчо Димитров
26 јуни, 21:00 – 01:00 Целовечерна забава
Настапи во живо:
– The John
– Новиот почеток
DJ сетови:
– Хада Блам
– Соња Исмаил
– Виолета Качакова